Квалитетот на лекувањето е само еден фактор од кој зависи смртноста од ковид
Една од многуте поенти во интервјуто со претставничката на СЗО, Кејти Смолвуд, каде таа вели дека со зголемувањето на бројот на пациенти во болниците опаѓа и квалитетот на болничка нега, бидејќи лекарите мора да се сосредоточат на поголем број пациенти, во рецензираниот напис се претставува како да е единствена причина за високата смртност од ковид во земјава. Меѓутоа, во целосното интервју таа споменува многу причини, како недоволна вакцинација, старосна возраст на населението, коморбидитети, како, на пример, зголемен број на дијабетичари кои се поранливи на тешка форма на ковид и други