×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Не е точно дека ДУИ досега не била во опозиција

    23.11.2021 09:20 | KumanovoNews | Преземено од: vistinomer.mk

    ДУИ беше опозициска партија пред 15 години, во 2006 година кога Груевски формираше влада со ДПА, НСДП и ЛДП. Во власта, пак,  е континуирано 13 години – од 2008 година. Оттука, неточна е информацијата што ја соопштува Левица дека доколку падне Владата на СДСМ и ДУИ, ДУИ, конечно, по 20 години ќе замине во опозиција

    Не е точно дека ДУИ досега не била во опозиција

    Партијата Левица излезе со соопштение во кое изнесе неточна информација. Имено, известувајќи дека опозициските партии во парламентот, ВМРО-ДПМНЕ, Левица, БЕСА, Алијанса за Албанците и Алтернатива склучиле „договор за пад на Владата СДСМ-ДУИ“, Левица меѓудругото напиша:

    Конечно после 20 години ДУИ оди во опозиција!
    Со обезбедување на потребното мнозинство во Собранието на Република Македонија, загарантирано е распуштање на Владата преку гласање на недоверба – во случај Зоран Заев да не ја поднесе својата оставка. Овој договор, во ниеден случај, не значи коалицирање, и е со единствена цел – да се урне хибридниот режим на ДУИ и СДСМ. Левица и понатаму, односно и на идните парламентарни избори, ќе настапува самостојно – како единствен политички претставник на македонската угнетена класа…
    За идните избори и тоа кој и како ќе ги организира, претстојат понатамошни преговори во рамки на новото мнозинство.

    [Извор: Официјална Фејсбук страница на Левица, датум: 05.11.2021]

     

    ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

    Не е точно дека Демократската унија за интеграција (ДУИ), доколку падне Владата, ќе оди првпат во опозиција, како што тврди Левица: „Конечно после 20 години ДУИ оди во опозиција!“ . Интегративците на Али Ахмети првпат беа во опозиција пред 15 години, односно во 2006 година, кога се формираше првата влада на тогашниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

    Груевски на 28 јули 2006 година доби мандат за создавање на нова влада од претседателот Бранко Црвенковски. Новата влада беше изгласана во Собранието на 28 август и за неа гласаа пратениците од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ДПА, НСДП, ДОМ, ПЕИ и од ВМРО-Народна партија, со тоа што ВМРО-НП само гласаше за Владата, но не стана дел од владината коалиција. ДПА на Мендух Тачи имаше 11 пратеници, НСДП на Тито Петковски – 7 пратеници, ДОМ на Лилјана Поповска – 1 пратеник и ВМРО-НП – 6 пратеници.

    Мандатот на оваа влада заврши на 26 јули 2008 година, кога беа распишани предвремени парламентарни избори. ВМРО-ДПМНЕ на изборите во 2008 година освои 63 пратеници (досега нивен најдобар резултат), СДСМ предводен од Радмила Шекеринска доби 27 пратеници, ДУИ – 18, ДПА со Мендух Тачи – 11, ПЕИ – 1. Груевски повторно стана премиер, а наместо ДПА, првпат во владина коалиција со ВМРО-ДПМНЕ влезе ДУИ, по т.н. Мајски договор меѓу Груевски и Ахмети, според кој победничките партии од македонскиот и од албанскиот блок ја формираат владината коалиција.

    Од сето ова можеме да заклучиме дека ДУИ досега била во опозиција и тоа во 2006 година кога Груевски формираше влада со ДПА, НСДП и ЛДП. Оттука неточна е информацијата која ја соопштува Левица дека доколку падне Владата на СДСМ и ДУИ, ДУИ конечно по 20 години ќе замине во опозиција. Поради тоа, изјавата на Левица ја оценуваме како невистинита.

     

    Оцени: Ана Анастасовска

     


    Овој напис е изработен во рамките проектот Проверка на фактите за напредокот на Северна Македонија кон ЕУ, имплементиран од Фондацијата Метаморфозис. Написот, кој е првично објавен во Вистиномер, e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација NED (National Endowment for Democracy). Содржината на написот е одговорност на авторот и не секогаш ги одразува ставовите на Метаморфозис, НЕД или нивните партнери.

     

     

     

    Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар