×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Неопходни се решителни чекори за справување со еколошките предизвици

    24.11.2021 08:07 | KumanovoNews | Преземено од: vistinomer.mk

    Во најновиот извештај на Европската комисија за напредокот на Северна Македонија на патот кон ЕУ, се вели дека државата постигнала лимитиран напредок во заштитата на природата и во климатските промени. Во Кластерот 4 наречен „Зелена агенда и одржливо поврзување“, во поглавјето 27: Животна средина и климатски промени , се посочува дека имплементацијата во сите сектори останува загрижувачка и дека повеќето од минатогодишните препораки не биле спроведени

    Неопходни се решителни чекори за справување со еколошките предизвици Фото: pixabay.com

    Пишува: Симона Атанасова

     

    Од 31 октомври до 12 ноември во шкотскиот град Глазгов се одржа Конференцијата за климатски промени на ОН – КОП26, на која домаќин беше Велика Британија заедно со Република Италија. Целта на конференцијата беше да ги собере светските лидери за да се обврзат на ветувањата од Парискиот договор од пред шест години, да се одржува растот на температурата под 1,5 степени, да се демонстрира посветеност за нето нулта стапка на емисии на штетни гасови, но и да се покаже како земјите ќе престанат да го употребуваат јагленот.

     

    МАЛА ЕВРОПСКА ЗЕМЈА – ГОЛЕМИ КЛИМАТСКИ АМБИЦИИ

    На покана на Обединетите нации, помеѓу претставниците на 200 држави, присуствуваше и претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски. Тој во своето обраќање на пленарната сесија на собирот истакна дека ако се игнорираат загрижувачките трендови ќе следат катастрофални последици за животната средина, здравјето, безбедноста на храната и водата, односно за целокупната  безбедност и развој на луѓето.

    Како земја-кандидат за членство во ЕУ подготвена да започне преговори, Северна Македонија веќе го транспонира европското законодавство за климатски промени во своето национално законодавство. Поддржувајќи го Европскиот зелен договор, подготвени сме со нашиот удел да придонесеме Европа да стане првиот јаглеродно-неутрален континент до 2050 година. И покрај фактот што сме мала европска земја, имаме големи климатски амбиции. Нашата амбициозна цел поставена за 2030 година е да ги намалиме емисиите на стакленички гасови за 51%, во споредба со нивоата од 1990 година, или 82% во нето емисии во споредба со истата година која е земена како појдовна основа. Осмисливме 63 политики и мерки за ублажување кои се родово одговорни и поврзани со 15 цели за одржлив развој.

    Фото: pretsedatel.mk

    ЕУ промовира силна климатска акција, одржлив развој и заштита на животната средина. Правото на ЕУ содржи одредби кои се однесуваат на климатските промени, квалитетот на водата и воздухот, управувањето со отпадот, заштитата на природата, индустриското загадување, хемикалиите, бучавата и цивилната заштита.

    Целта на Зелената агенда за Западен Балкан, според Европската комисијата, е еколошките и климатските предизвици, кои се слични во регионот, да се претворат во можности. Зелената агенда предвидува заеднички акции кои ќе придонесат за одржлив социо-економски развој и зелено закрепнување на целиот регион во постпандемискиот период. Според ЕК, Северна Македонија треба да придонесе за успешно спроведување на оваа заедничка регионална визија, со високо ниво на амбиција.

     

    ЛИМИТИРАН НАПРЕДОК ВО ЗАШТИТАТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

    Но, најновиот извештај на Европската комисија за напредокот на Северна Македонија на патот кон ЕУ вели дека државата постигнала лимитиран напредок во заштитата на природата и во климатските промени.

    Во Кластерот 4 наречен „Зелена агенда и одржливо поврзување“ е поглавјето 27: Животна средина и климатски промени , во кое се вели дека имплементацијата во сите сектори останува загрижувачка и дека повеќето од минатогодишните препораки не биле спроведени.

    Во однос на хоризонталните прашања, административниот капацитет на сите нивоа останува слаб, со недоволни финансиски ресурси за спроведување на постојното законодавство. Дијалогот со граѓанското општество и процесите на консултации со јавноста во овој сектор треба значително да се подобрат. Недостатокот на транспарентност и пристап до информации е проблем кој се повторува. Земјата е охрабрена значително да ги засили амбициите во однос на зелената транзиција, особено во контекст на Зелената агенда за Западен Балкан.

     

    ЗАКОНИ ИМАМЕ, АМА ТЕШКО СЕ СПРОВЕДУВААТ

    Од Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест” во изјава за „Вистиномер“ велат дека ова е резултат на нецелосната односно речиси никаква имплементација на постоечки политики и закони.

    Моментално имаме амбициозни политики во поглавјето 27, меѓутоа затајува имплементација. Според нас ова се должи делумно на немање висококвалификуван стручен кадар во институциите и општините кои разбираат што треба да се имплементира, особено кога станува збор за имплементација на обврските во секторот клима, бидејќи е стручна и комплексна тема за која е клучно да има луѓе кои ја разбираат. Дел од вината е и поради недоволна координација и комуникација помеѓу централната и локалната власт, велат од Еко-свест.

    Според Европската Комисија, С. Македонија треба во наредната година значително:

     

     


    Овој напис е изработен во рамките проектот Проверка на фактите за напредокот на Северна Македонија кон ЕУ, имплементиран од Фондацијата Метаморфозис. Написот, кој е првично објавен во Вистиномер, e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација NED (National Endowment for Democracy). Содржината на написот е одговорност на авторот и не секогаш ги одразува ставовите на Метаморфозис, НЕД или нивните партнери.

     

     

     

    Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар