Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Започна изградбата на водоводната мрежа во должина од околу 3 километри во селото Алгуња, во општина Старо Нагоричане. Проектот е финансиски поддржан од Министерството за транспорт и врски, а ќе чини нешто повеќе од 22 милиони денари или околу 360 илјади евра.
„Ќе се прави резервоар кој со вода ќе се снабдува од бунарите, потисен цевковод, линиски испусен вентил, автоматски воздушен вентил, разделни шахти и се она што мора да содржи една современа водоводна мрежа. Посебно е значајно што шеесетина жителите за прв пат ќе добијат вода во своите домаќинства што значително ќе им го олесни и подобри квалитетот на животот“, изјави Бобан Цветановски, заменик градоначалник на Општина Старо Нагоричане.
Градежните работи треба да се завршат за 6 месеци.
Проектот го спроведува Општина Старо Нагоричане, во соработка со Министерството за танспорт и врски. Ова е трето вложување во изградба, санација или реконструкција на водоводната мрежа во различни делови од локалниот округ.
Изведувач на работите е фирмата КОП-ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ од Скопје.