Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Шеснаесет нови детски песни ќе бидат изведени на 7-от по ред Детски фестивал „Распеано симитче“, што ќе се одржи на 18 и 19 ноември, во НУ Центар за култура во Крива Паланка.
Фестивалот го организира Центарот за аудиовизуелни уметности, со финансиска поддршка на Општина Крива Паланка, која е и покровител, и на Министерството за култура.
„И оваа година ќе понудиме популарни детски песни со модерен аранжман, кои ги пеат најмлдите од Крива Паланка.Целта на фестивалот е популаризација на детската песна и културата со учество на локални и регионални автори и квалитетна музичка продукција“, вели директорот на фестивалот Методи Цветковски од Центарот за аудиовизуелни уметности.
Автори на детските песни се Игор Трајковски, Гордан Спасовски, Снежана Николовска, Оливера Николовска, Филип Додевски, Лариса Жулина Митовски, Павлинка Вењановска, Рената Кралевска, Александар и Милош Краљевски, Билјана Петковска Антовска, Среќко Поповски и Драги
Станков.
Песните се снимани во студиото на Сашко Митковски „СМ“ од Крива Паланка и во „ММ продакшн студио“ на Александар и Милош Краљевски од Куманово.