×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Градоначалникот Митовски даде отчет за 100-те дена работа во Општина Крива Паланка

    08.02.2022 12:15 | Жаклина Цветковска

    Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски даде отчет за сработеното во 100-те дена на чело на оваа локална самоуправа. Тој потенцираше дека ги исполнува ветувањата за нови стандарди на работа, особено ветувањето дека ќе биде достапен за секој жител на општината 365 дена во годината.

    Градоначалникот Митовски даде отчет за 100-те дена работа во Општина Крива Паланка

    „Воведен е приемен ден – секој работен ден, како и во сабота. Досега се остварени средби со над 3.000 граѓани. Од моментот кога влегов во овој градоначалнички кабинет, мојот работен ден започнува во 7 часот наутро и завршува во вечерните часови, односно, се додека не биде завршена и последната планирана обврска и одговорено на сите пораки од граѓаните на Крива Паланка“, вели Митовски.

    Во изминатиот период направена е реорганизација на работата во ЈП „Комуналец“ со редовно миење, метење на улиците и јавните површини, детално чистење во градското подрачје, модерно хортикултурно уредено зеленило, а набавено е и ново возило за чистење снег. Отпочнато е и со решавање на еден од најголемите проблеми - сообраќајниот метеж.

    „Работни групи и консултанти на терен работат на проекти за изградба на катна гаража, затворен зелен пазар со деловно-административен објект и воведување на зонско паркирање. Исто така, ќе се комплетира и уредување на тротоари низ главната улица, со вкупна должина од 2025 метри, со средства од Бирото за регионален развој преку Североисточен плански регион“, потенцира Митовски.

    Меѓу остварените резултати Митовски ги наведува и силната динамика за легализација на дивоградбите за кои се врачени првите решенија, одлуките за доделување на по 3000 денари за секое новороденче и прваче, решениот проблем за исплата на парични побарувања од пожарникарите, организирањето на Новогодишниот базар, поддршка на спортот, но и реализација на повеќе инфраструктурни проекти како што се изградба на пешачка патека кон туристичкиот локалитет Калин Камен, изградба на повеќе патни правци, училишна инфраструктура и друго.

    „Одговорно и отворено работење, брзо и навремено изнаоѓање решенија за конкретните проблеми што ги засегаат граѓаните се приоритет, мој и на општинската администрација, преку динамична работа и храбро соочување со проблемите“, подвлекува Митовски.