×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Градоначалникот на Крива Паланка даде отчет пред граѓаните за 2-годишното работење

    07.11.2023 11:02 | Жаклина Цветковска

    Капиталните проекти кои со години и децении само се најавуваа, полека стануваат реалност, а со тоа и Крива Паланка конечно го добива своето вистинско стратешко место на Коридорот Исток-Запад.

    Градоначалникот на Крива Паланка даде отчет  пред граѓаните за 2-годишното работење

    Општината се поврзува регионално со патна инфраструктура, а градот се развива со динамика која не е запаметена, порача градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, на отчетот што го даде пред граѓаните за реализираните проекти во периодот 2021-2023.

    Отчетот, рече, за него е одговорност и обврска  пред граѓаните кои му ја дале подршката да ја води нивната општина и затоаа е максимално посветен на нивните приоритети и потреби.

    „За само 2 години инвестираме 5.5 милиони евра во локална и регионална патна мрежа, над 1.2 милиони евра во изградба на  водоводи, канализации и уредување речни корита и долови, околу 1 милион евра за реконструкција на локални и национални установи, половина милион евра за спортска инфраструктура. За нови детски игралишта инвестирани се 140 илјади евра, над 300.000 евра за опремување на претпријатија, 350.000 евра за проектно-техничка документација“, посочи Митовски.

    Тој истана дека општината мисли за сите граѓани, па така  воведени се повеќе од 10 нови мерки за младите и за поддршка на ранливи категории лица, 17 милиони денари се одвоени за социјална грижа и заштита, отворен е прв Дневен центар за престој на стари лица и активно стареење, а изработен е и проект за Дом за стари лица, што е долгогодишно барање на кривопаланчани.

    „Вложивме и 9 милиони денари за култура, подигнати се нови 16.000 метри квадратни зелени површини, засадени се дрвореди со над 2.000 различни видови дрвја и постигната е 100 отсто реализација на Програмата за јавна чистота и јавно зеленило. Сите заедно работаме крајно посветено, оставајќи траен влог за иднината на чиста, урбана, модерна и транспортно поврзана, Крива Паланка, порача Митовски.

    Во своето обраќање пред граѓаните тој ги истакна и најновите капитални вложувања како што се проектот за проширување и рехабилитација на централната градска улица, вреден 40 милиони денари и донесувањето на нов Генерален урбанистички план по речиси половина век, што отвора нови можности за развој на градот.