Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во кривопаланечкото село Конопница, денеска, заменик шефот на Делегацијата на ЕУ во РСМ, Џулијан Васало, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство , Љупчо Николовски и градоначалникот на Крива Паланка Сашко Митовски го означија почетокот на изградбата на нов затворен систем за наводнување на Селска Река.
Новиот систем е со вкупна должина од 5,4 километри, а проектот е вреден околу 300.000 евра, финансии од ИПА програмата на Европската Унија, со кој ќе се обезбеди поврзување со постојната мрежа и изградба на секундарна мрежа и директно до земјоделските површини.
„Ова е само еден проект во групата на слични проекти. Сите овие инвестиции значат повеќе можности за земјоделците во овие села. Ние како ЕУ, исто така, имаме планирано и дополнителни 4,8 милиони евра во рамките на ИПА 3 за наводнување, со што ИПА портфолиото во овој сектор достигнува близу 13 милиони евра“, рече Васало.
„Со новиот систем за наводнување обезбедуваме вода до 42 ха обработливо земјоделско земјиште, директно помагајќи им на повеќе од 100 земјоделци кои ќе го користат овој систем. Со финансиска поддршка од ЕУ, преку ИПА фондовите, продолжуваме со изградба на мали системи за наводнување во општините ширум државава. “, истакна министерот Николовски.
Градоначалникот на Крива Паланка, Митовски, изрази благодарност до ЕУ за фининсиската поддршка и до Министерството за земјоделие за инвестициите кои го подобруваат развојот на земјоделието во овој регион.
„Со новиот систем обезбедуваме квалитетно снабдување со вода за наводнување по 50 години од изградба на постојниот систем, а со цел за попродуктивни култури и одржливо сточарско производство.