×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Kампања за промоција на згрижувањето деца во Крива Паланка

    01.12.2022 16:14 | Жаклина Цветковска

    Во згрижувачкото семејство  детето добива љубов, грижа, безбедност и прифаќање, потребни за нормален детски развој. Имаме колективна одговорност и обврска да ги згрижиме децата без родители и родителска грижа и тие да израснат о здраи и одговорни личности, беше истакнато на информативната кампања за  згрижување на децата, која  е дел од Националната кампања „Подај рака и промени живот – стани згрижувач”.

    Kампања за  промоција на згрижувањето  деца во Крива Паланка

    Претставниците на СОС Детско село и Центарот за поддршка на згрижувачки семејства „11 Октомври“  од Скопје посочија дека згружувањето на децата веќе е официјален концепт за детска заштита во рамките на Стратегијата за  деинституционализација преку која се отстрануваат системските недостатоци и се дава поддршка на реформите во системот.

    „Крива Паланка е позитивен пример за згрижување на децата и лицата со попреченост. Има 8 згрижувачки семејства од кои 3 се специјализирани згрижувачи , а 5 се со роднинско згрижување. Ова е многу хумана, но и премногу одговорна улога и затоа сме горди на згрижувачите, истакна Ана Панчева, раководител на  Центарот за поддршка на згрижувачки семејства „11 Октомври“, кој е одговорен за згрижувачките семејства во Крива Паланка.

    Градоначалникот Сашко Митовски  рече дека ниедно дете не заслужува да биде  лишено од љубов во животот,  што ќе му даде поттик, поддршка и стимул за раст и развој.

    „ Како чинители во општеството имаме обврска кон децата без родителска грижа. Нашата задача како институции , заедно со заложбите на Министерството за труд и социјална политика, се да промовираме и постигнеме згрижување на овие деца“, подвлече Митовски.

    На ниво на целата  држава  има 353 згрижувачки семејства, кои добиваат одреден финансиски надоместок и поддршка. Сепак, месечниот надоместок е намален, а институциите сметаат дека згрижувачките семејства  треба да имаат поголема поддршка.

    Кампањата ја спроведуваат СОС Детско село и Министерството за труд и социјална политика, во соработка со општините, а  е поддржана  од  Германското министерство за економски развој и соработка.

    2008 - 2023 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk