×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ќе се изготвува проектно-техничка документација за два патни правци во кривопаланечко

    23.11.2023 09:09 | Жаклина Цветковска

    За два локални патни правци во кривопаланечко ќе се подготвува проектно-техничка документација со средства обезбедени преку УНДП, во висина од 35 илјади долари.

    Ќе се изготвува проектно-техничка документација за два патни правци во кривопаланечко

    Со изработката на потребната документација се создаваат можности за  изградба на два значајни патни правци во Крива Паланка и тоа: локален пат во  т.н. Крстата падина со мост на Крива Река и локален пат Градец – Осиче со кој ќе се обезбеди поврзување на повеќе планински села од овој регион.

    Договорот за финасирање на  проектно-техничка документација за реализација на приоритетни инфраструктурни проекти го потпиша градоначалникот на Крива Паланка Сашко Митковски.

    „Финансиските средства во висина од 35.000 долари се обезбедени преку Програмата за развој на Обединетите нации ( УНДП), во рамки на проектот „Јакнење на општинските капацитети за имплементација на проекти – Фаза 2 “, кој е финансиран од страна на Шведска агенција за меѓународна соработка СИДА и Бирото за регионален развој“, соопштуваат од општината.

    Обезбедувањето проектно техничка документација за бројни проекти, која е неопходна за изградба на значајна инфраструктура, е пракса што во изминатите две години Општина Крива Паланка ја прави интензивно. За ова намена, како што посочуваат од локалната самоуправа, за 24 месеци се вложени рекордни 350. 000 евра.