×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Прва бренд стратегија за промоција на туризмот во Кратово

    11.03.2024 13:05 | Жаклина Цветковска

    Кратово ја доби својата прва бренд стратегија со која ќе се развива и промовира туризмот на  еден од најстарите градови на Балканот, под слоганот „Кратово над очекувањата“.

    Прва бренд стратегија за промоција на туризмот во Кратово

    Бренд стартегијата е дел од  проектот „Рурален туризам, нова перспектива на младинска мобилност“, што го спроведуваат  Средното училиште „Светозар Крстиќ - Тоза“ од Вучје, Србија, СОУ „Митко Пенџуклиски“ од Кратово и Здружението Limitless од Белград, во рамки на  прекуграничната програма IPA CBC Србија-Северна Македонија.  

    „Стратегијата претставува значаен чекор во создавањето на  Кратово како туристички бренд. Целта е да се претстави уникатен концепт на рурален туризам и да се доближат туристите до кратовската култура, обичаи, гастрономија, природни убавини и сите други детали кои го прават кратовскиот регион исклучителен потенцијал за посакувана туристичка дестинација во понудата на руралниот туризам“ , истакна  проф. Младен Мицевски, координатор на проектот од  СОУ„Митко Пенџуклиски“ од   на промоцијата на бренд стратегијата во Кратово.

    Овој значаен документ за Кратово како рурална туристичка документација е изготвен од страна на   професори од Високата школа за модерен бизнис од  Белград, кои потенцират дека стратегијата придонесува за зголемување на видливоста и атрактивноста на Кратово на дестинацискиот пазар, што е клучен чекор во развојот на Кратово како туристичката атракција на овој регион.

    „Кратово сега со гордост ја промовира својата бренд стратегија, станувајќи еден од ретките градови со јасно дефинирана и ефикасна стратегија за промоција и развој на својот идентитет“, вели проф. д-р Александар Дејановиќ.

    Со проектот ,  кој првенствено е насочен кон младите луѓе и за подобрување на туризмот во прекуграничната област на Србија - Северна Македонија, се развива  нов туристички производ во форма на туристички пакет за млади. Овој пакет вклучува различни активности како едукативни работилници, запознавање со локалната култура, волонтерски и рекреативни активности, забавни настани.

    „ Услугите се предвидени да се нудат преку опремен училишен хостел и туристичка училишна компанија, така што училиштето веќе располага со опрема за ресторан, професионална кујна, удобно опремени соби, опрема за алтернативен туризам и конференциска сала, обезбедени со средствата од овој проект“ ,  потенцира Мицевски.

    Во рамките на  туристичкиот развој во заедницата, и  Општина Кратово дава  свој придонес преку  адаптацијата на објектот шт го користи  СОУ „Митко Пенџуклиски.

    „Овие инвестиции претставуваат важен чекор кон подобрување на образовната инфраструктура, прилагодување на просторот на образовните потреби на младите, како и проширување на можностите за обезбедување угостителски и туристички услуги. Општината во изминатиот период вече реализираше повеќе проекти кои придонесуваат за развојот на туристичкиот потенцијал на Кратово“, посочи Радмила Стојакова Китанова, секретар на Општина Кратово.

    Проектот „Рурален туризам, нова перспектива на младинска мобилност“ има значење и важност за развојот на туристичките потенцијали во  целата локална заедница, а особено се истакнува по учеството на младите во креирање на атрактивна туристичка понуда за Кратово.

     

    .