×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Крива Паланка набави нови собирни контејнери за електронски и електричен отпад

    24.11.2022 16:24 | Жаклина Цветковска

    Општина Крива Паланка, во соработка со ЈП „Комуналец“, склучи неколку договори со лиценцирани  колективни постапувачи  за разни видови на отпад, кој може и треба да се рециклира. Операторите имаат обврска да постават соодветни садови  и подигање на определениот  вид на отпад од  подрачјето на градот и приградските населби.

    Крива Паланка набави нови собирни контејнери за електронски и електричен  отпад

     Од страна на колективниот постапувач „Екон Електрон“ веќе се поставени соодветни садови  на три локации за одлагање на електронски и електричен отпад, кој е особено опасен за животната средина. Меѓу нив е и еден поголем контејнер кој е од од затворен тип и кој ќе служи како собирен центар за поголеми електронски апарати и уреди кои не се во употреба и  од кои граѓаните имаат потреба да се ослободат.

    „Со цел  создавање на услуги поблиску до граѓаните , општината  продолжува  со поголем интензитет на  поставување  соодветни садови  за селекција на отпад  и затоа се молат граѓаните  соодветно да ги практикуваат“, велат од локалната самоуправа.

    Оттаму  посочуваат дека  активностите  се согласно законската регулатива за селекција  и соодветно управување и пострапување со отпадот и заштита на животната средина.

    2008 - 2023 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk