×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кривопаланечкиот градоначалник ја донираше едногодишната плата за изградба на детско игралиште

    27.10.2022 13:39 | Жаклина Цветковска

    Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, целокупните приходи од платата за една година колку што се наоѓа на чело на општината , ја донираше за изградба на детско игралиште во населба Маневци.

    Кривопаланечкиот градоначалник ја донираше едногодишната плата за изградба на детско игралиште

    Уште на почетокот на својот мандат, тој вети пред граѓаните дека ќе работи без надоместок во нивен интерес и во интерес на општината, а дека целиот надоместок за плата ќе го донира во хуманитарни и општествено-социјални проекти.

    „ Први ноември 2022 година е датумот кога се наврушува точно една година од преземањето на градоначалничката функција, за мене обврзувачка: со посветеност,труд и најважно со дела, да ја оправдам довербата од граѓаните. Со чисто срце и искрена намера, без ронка личен интерес,единствено  со челична волја да ги промениме работите на подобро , стапив во служба на граѓаните и ветив дека ќе работам без пари, односно платата ќе ја донирам каде што е потребно во заедницата. Затоа, целокупната сума од мојата годишна плата е  донирана за изградба на детско игралиште во населба Маневци и за најмладите жители на ул."8 Октомври", истакна Митовски.

    Тој подлекува дека работи транспарентно, отчетно и јавно 365 дена и  јавно се одрекол оти функцијата ќе ја извршува без примање на месечен надомест.

    „Продолжувам да работам неуморно за нашата Крива Паланка да биде најдоброто место за живеење на сите генерации. Не постои поголема чест од тоа во одреден период од животот да имаш можност со својата работа да им служиш на граѓаните“, вели Митовски.

    2008 - 2022 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk