Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од 18.15 часот сообраќајот на патниот правец Куманово – Крива Паланка е нормализиран и се одвива непречено, без застои и ограничувања, информираат од АМСМ.
Прекинот на двете коловозни ленти го предизвика одрон од карпи како последица на обилните врнежи на дожд кај „Ругинска кривина“ во село Ругинце, по што целокупниот сообраќај се пренасочуваше по алтернативната делница, односно по стариот пат Куманово - Крива Паланка.
Сообраќајот на магистралниот пат А2 беше во прекин од околу 12 часот, по што екипи на Јавното претпријатие за одржување регионални патишта "Македонија пат" беа на терен и работеа на расчистување на оваа делница.