×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Професорката Лариса Жулина Митовски од Крива Паланка меѓу најдобрите просветни работници во државата

    06.10.2021 14:32 | Жаклина Цветковска

    Професорката по музичко образование од ООУ „Јоаким Крчовски“ од Крива Паланка, Лариса Жулина Митовски, е добитник на признанието „Просветен работник на годината“ за учебната 2020/21 година, кое го доделува Сојузот на просветни работници, по повод Светскиот ден на учителите и наставниците - 5-ти Октомври.

    Професорката Лариса Жулина Митовски од Крива Паланка меѓу најдобрите просветни работници во државата

    Таа е меѓу 11-те најдобри наставници, професори и воспитувачи од основните и средни училишта, како и од градинките, кои се добитници на плакета и признание за посветената работа и благородната мисија во унапредувањето на воспитувањето-образовниот процес во државата. 

    Жулина Митовски е еден од двајцата професори во државата кои го добиваат признанието во категоријата предметна настава.

    „Ова престижно признание има големо значење за мене како педагог и професор, кој пронаоѓа сатисфакција во успехот на учениците. Но, исто така, вреднувањето на мојот труд ме мотивира и понатаму да продолжам активно да работам, да ги едуцирам и да ја развивам креативноста кај младите. Пред се, да им ја пренесам љубовта кон музиката, да ги откријам и развијам нивните таленти и да ги насочам да бидат успешни личности, истакна Лариса Жулина Митовски во своето обраќање на доделувањето на наградите во Сојузот на просветни работници во Скопје.

     

    Жулина Митовски пред неколку години беше прогласена и за најдобар просветен работник во Крива Паланка, а за својата работа досега има добиено бројни награди на државни и меѓународни натпревари. Исто така и нејзините ученици се секогаш меѓу најдобрите и најнаградуваните. Министерката за образование и наука, Мила Царовска им изрази благодарност на наградените за нивната посветеност во годината на специфични пандемиски услови.

    „Храбро одговоривте и на позитивните промени што ги воведуваме за поквалитетно и современо образование, притоа брзо прилагодувајќи се на новите наставни програми и дигиталните учебници. Одиме напред кон новите предизвици со кои сите заеднички ќе направиме образовен систем кој ќе ни биде национална гордост“, истакна Царовска.