×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Расте интересот за дуално образование во Крива Паланка, се приклучуваат и се повеќе компании

    01.04.2022 08:41 | Жаклина Цветковска

    СОУ „Ѓорче Петров“ од Крива Паланка идната учебна 2022/2023 година ќе ја започне со 4 гимназиски и дури 5 дуални паралелки , кои се дел од средното стручно образование и за кои постои се поголем интерес кај идните средношколци, но и кај компаниите на кои им недостига стручен кадар.

    Расте интересот за дуално образование во Крива Паланка, се приклучуваат и се повеќе компании

    Минатата година беше воведена медицинска струка за која наставата се одвиваше во соработка со Здравствениот центар од Крива Паланка, а од идната учебна година се воведува и градежно- геодетска струка, која се темели на анализата и потребите на пазарот на труд во општината и во регионот.

    „Дуалното образование даде навистина добар резултат и ни помогна да задржиме дел од учениците во општинската образовна установа. Радува и то се повеќе компании пројавуваат интерес да се вклучат во средното стручно образование. Така, за новата градежно-геодетска струка која ќе произведе градежни техничари, обезебедена е соработка со ЈП„Комуналец“ од Крива Паланка и „Хантерс“ од Скопје каде учениците ќе ја изведуваат практичната настава.

    Исто така, од идната учебна година во угостителско-туристичката струка, покрај занимањето готвач, воведуваме и занимање келнер и слаткар, кои ќе се обучуваат во „Парк Гиновци“ Ранковце, кој е наш нов бизнис партнер“, вели Габриела Стаменковска, директорка на СОУ„Ѓорче Петров“.

    Покај овие две струки, дуално образование во кривопаланечкото средно училиште се реализира и во дуалните паралелки од машинската и електротехничка струка за компјутерска техника и автоматика, што се спроведува во соработка со „Дема - стил“ од Крива Паланка.

    „Профилирањето на нови квалификувани кадри за кои имаат потреба компаниите од општината и кои директно ќе бидат вклучени во наставата и обучувањето на учениците отвора нови перспективи за младите. Тие ќе имаат можности да стекнат вештини од стручни лица, полесно да дојдат до вработувае, а со тоа и иднината да ја гледаат во своето родно место, со што ќе се спречи миграцијата и иселувањето“, посочува Стаменковска.

    Дуалното образование беше воведено минатата година преку кампањата „Учи паметно, работи стручно“ од страна на Министерството за образование , со поддршка на Швајцарската амбасада во Скопје, а дуалните паралелски се стипендирани од надлежното министерство.

    Покрај 125 ученици во дуалното образование, во СОУ „Ѓорче Петров“ се предвидени и 4 гимназиски парелелки со вкупно 136 ученици, односно во прва година ќе се запишат 261 ученик во 9 паралелки со настава на македонски јазик.