×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Се пошумува атарот на селото Жегљане, во кумановско ќе се засадат над 100 илјади садници на црн бор

    06.11.2023 12:12 | Оливера Пешевска

    Трае акцијата за пошумување во атарот на село Жегљане, во Козјачијата, која ја спроведува ЈП „Национални шуми“, подружница Куманово, како дел од годинешната акцијата за пошумување – „Пошумуваме заедно 2023“.  Покрај Куманово ќе се пошумува и на 34 други различни локации во државата, во 19 различни реони. Акцијата на ЈП „Национални шуми“ започнува токму од кумановскиот регион.

    Се пошумува атарот на селото Жегљане, во кумановско ќе се засадат над 100 илјади садници на црн бор

    „Нашите работници веќе две недели активно работат на засадување на садници од црн бор. Се работи на површина од 51 хектари,и сметајќи дека обично се засадуваат 2.000 дрвца на еден хектар математиката покажува дека во кумановскиот регион ќе бидат засадени на 100 илјади дрвца“, изјави Луан Бајрами,директор на Шумско Стопанство Куманово.

    Целокупниот расаден материјал го обезбедува „Национални шуми“ од нивните расадници во Свети Николе и Куманово, кои се осовремени и произведуваат садници од контејнерски тип, кои се многу поотпорни на климатските промени од обичните садници. Јасен, бел бор, јавор, багрем, даб, чемпрес, костен, ќе бидат посадени оваа зима и наредната пролет на повеќе од 400 хектари површина низ цела Македонија. Ќе бидат посадени 1.200.000 садници, од најразлични видови за кои согласност дале Шумарскиот факултет и стручните лица во Национални шуми.

    Акцијата е поддржана од Министерството за земјоделие, министерството за животна средина,општествено одговорни компании и граѓански организации.

    (фото.архива)