×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Flex Credit

    Забрзано решавање на легализацијата на бесправно иградените објекти во Крива Паланка

    18.04.2022 10:42 | Жаклина Цветковска

    Општина Крива Паланка  работи со забрзана динамика на легализација на бесправно изградените објекти , откако беше продолжен рокот  на законот за легализација на дивоградбите за уште 5 години.

    Забрзано решавање на легализацијата на бесправно иградените објекти во Крива Паланка

    „По иницијатива на градоначалникот  Сашко Митовски, од страна на стручните соработници од Одделението за урабанизам  беше изготвен Акциски  план за забразано утврдување на статусот на бесправно изградени објекти, кој сега дава одлични резултати и наиде на огромно задоволство од страна на засегнатите граѓани“, велат од општината.

    Општинската администрација и стручните служби поставија  нов принцип на приоретизација на проблемите и нивно ефикасно решавање.

    „Решавањето на предметите се одвива брзо и ефикасно, со што ја подигаме  и довербата во нашата институција, а за тоа сведочи задоволството на граѓаните кое е видливо“, изјави  Митовски.

    Продолжен рокот за легализација на дивоградбите се однесува  за објектите изградени до 2011, а ќе важи само за предмети чии документи биле доставени до општините најдоцна до 2018 година.

    Во изминатиот период, Крива Паланка имаше големи проблеми со планската изградба и издавањето одобренија  за легална градба поради недефинираната траса на железничката пруга низ градското подрачје. Тоа беше причина голем број граѓани да не можат да го остварат своето право на  градење заради што никнаа многу дивоградби, кои во овој процес се легализираат.

    2008 - 2022 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk