Куманово прво пружи помош на настраданите во скопскиот земјотрес и згрижи над 20 илјади луѓе
Несреќата во Скопје длабоко ги потресе жителите на Куманово и околијата. Веднаш по катастрофалниот земјотрес граѓаните, власта и општествено политичките организации преземаа итни мерки за прифаќање на ранетите и бегалците од Скопје, пишуваат новинарите на „Наш весник“, во текстовите објавени на 1 август 1963 година, 5 дена по катастрофалниот земјотрес во Скопје, во кој загинаа 1.070 лица, а градот беше целосно разурнат.