Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарската федерација на Македонија го казни кошаркарскиот клуб Куманово со 252 иљади денари или над 4000 евра и два натпревари без публика, поради пропусти во натпреварот со МЗТ.
Како пропусти во организацијата е наведено откажувањето на мерачот на време, техничката грешка на Бојан Трајковски, фрлање на предмети, запалки, пластични шишиња, плукање на официјалните лица и играчите и удирање на Протиќ со метална паричка, вербален напад над делегатот и напад на офицјалните лица од редарската служба.
Бојан Трајковски е казнет со 128.000 денари за техничката грешка, клубот ќе плати вкупно 30.000 денари за фрлање на тврди и меки предмети, заради плукање казната е 10.000 денари. Поради неспортското навивање кое предизвика празнење на салата, Куманово е должно 40.000 денари и натпревар без публика, по член 18 (право на изјави и јавно коментирање на судењето) следува казна од 10.000 денари и по член 54.13 (слаба организација на натпреварот, аргресивност на неслужбени лица кон официјалните претставници) Куманово ќе плати 40.000 денари и ќе игра без публика.
Освен со губење на титулата, Куманово го очекува огромна казна за крајот на сезоната. Реакциите по контроверзниот натпревар во Спортската сала сеуште не стивнуваат, а оваа одлука на МКФ дефинитивно уште еднаш ќе ја разбранува кошаркарската јавност во Македонија.