×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Алексеј Стојановски и Анастасија Арсовска јуниорски шампиони во тенис

    04.10.2022 10:06 | KumanovoNews

    Членовите на тенискиот клуб "ТУМБА" од Куманово Алексеј Стојановски и Анастасија Арсовска го освоија првото место на отвореното тениско првенство на Македонија за јуниори и јуниорки во двете конкуренции, за возрасна категорија до 12 години.

    Алексеј Стојановски и Анастасија Арсовска јуниорски шампиони во тенис

    Алексеј Стојановски кај момчињата на оваа возраст во финалето го победи Дамјан Пановски од ТК „МТП“ со 2-0 по сетови 6-1, 6-4. Третото место им припадна на Иван Трпковски од ТК „Југ“ и Стефан Дебрешлиевски од ТК „Академија“ Аеродром.

    Анастасија Арсовска исто така убедливо триумфираше со 2-0 по сетови 6-1,6-1 против Деа Крстевска од ТК „Битола“. Трети во оваа категорија се Надица Блажевска од ТК „Црна Река“ и Надја Бежовска од ТК „Југ“.

    „Од нашиот клуб забележителен настап имаше Петра Крстевска која својот настап го заврши во четвртфиналето, додека дебитанти на еден турнир се и младите Алексеј Стошиќ и Тео Андов кои за прв пат настапија во оваа возрасна категорија. Се на се изминатите денови проследивме интересни возбудливи и квалитетни мечеви и на кој настапија најдобрите тенисерчиња од нашата држава. Оваа е втор турнир во серија каде домаќин е ТК „ТУМБА“ и каде се помина во фер и коректна атмосфера се во духот на спортот“, велат од клубот.

    Клубот истакнува дека се горди на своите членови, им го честита одличниот настап, и им посакуваат подобри резултати во периодот кој следи.