Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Алексеј Стојановски од Куманово, член на на Тенискиот клуб "Тумба" е победник во машка конкуренција на Отвореното првенство на Македонија во тенис за јуниори до 14 години, кој викендов се одржа во Куманово.
Тој во финалето го победи Андреј Темов од ТК МТП од Скопје. Кај девојчињата најдобра беше Деа Крстевска од ТК Битола, која во финалето беше подобра од Надица Блажевска од ТК Црна Река од Кавадарци.
Отвореното првенство на Македонија во тенис за јуниори до 14 години во машка конкуренција и женска конкуренција го организираше ТК "Тумба" од Куманово на тениските терени кај спортската сала во Куманово. Организаторите велат дека турнирот поминал во одлична фер и коректна атмосфера.