Мени

Алонсо и Хамилтон, скарани уште во Мекларен

15.01.2010 17:14 | KumanovoNews

Фернандо Алонсо не сакаше да посвети многу внимание на провокативниот коментар на својот бивши тимски колега од Мекларен Луис Хамилтон.

Алонсо и Хамилтон, скарани уште во Мекларен

Англичанецот рече дека го „откачил“ Алонсо додека биле во Мекларен, иако и двајцата победиле на 4 трки ја завршиле сезоната со 109 поени.

Шпанецот изјави за „Дејли телеграф“ дека нема време да одговара на се што тој ќе каже. Меѓутоа Мекларен е добра екипа и таму поминал многу убави моменти. Алонсо од неодамна се појави во боите на Ферари.

Тој се надева дека поголем успех ќе има позади воланот и дека ќе му бидат потребни неколку трки за да се привикне.