Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Младиот пингпонгар на „Куманово“ Андреј Васевски, освои четврто место на Државниот бодовниот турнир „ТОП 8“, кој викендов се одржа во Крушево. Во конкуренција на осумте најдобри пинпонгари во државата во кадетска конкуренција, Васевски освои 11 бода на седум натпревари, од кои 4 победи и 3 порази.
„По одличниот почеток од три натпревари и три победи, каде беше победен и првопласираниот на овој турнир Борис Секулов од Струмица, на кого оваа му беше и единствен пораз на турнирот, следеа два тешки натпревари и два порази од објективно појаки противници. Во преостанатите два напревари на турнирот, Андреј забележа една победа и еден пораз иако во последниот меч по водство од 1:0 и одлично одигран сет со постигнат резултат од 11:2, но не успеа да го издржи темпото и да забележи победа. Очигледно заморот си го направи своето. Може да кажам кеда сум задоволен од постигнатиот резултат, но не во целост и од играта бидејки знам дека Андеј може и знае повеќе. Го поделивме четвртото место со актуелниот државен првак Лука Стојчев со ист број на бодови“, истакна тренерот на ППК „Куманово“ Мики Трендафиловски.