Азаренка се откажа од Дубаи
20.02.2013 09:35
| KumanovoNews
Белоруската тенисерка Викторија Азаренка се откажа од турнирот во Дубаи, на кој беше втор носител.

Втората тенисерка во светот соопшти дека причината поради која се повлекува е повреда на стапалото која ја добила на турнирот во Доха минатата недела.
Нови напори би можеле да ја загрозат повредата уште повеќе, а во овој момент тоа не ми е потребно. Жал ми е што тоа ми се случи пред еден од моите омилени турнири, но не смеам да ризикувам-изјави Азаренка.