×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Баерн Минхен нов шампион на Европа

    26.05.2013 09:04 | KumanovoNews

    Минхенски Баерн е победник во фудбалската Лига на шампиони за сезоната 2012/2013.

    Баерн Минхен нов шампион на Европа

    Баерн го доби „германско„ финале во Лигата на шампионите, откако синоќа на Вембли во Лондон, ја совлада Борусија Дортмунд со 2:1.

    Сите три гола беа постигнати во второто полувреме.

    Хрватот, Марио Манџукиќ во 60-та минута, по акцијата на Ариен Робен му донесе водство на Баерн од 1:0.

    Во 68-минута, Гундоган од пенал го израмни резултатот, откако претходно Данте направи прекршок над Ројс во шеснаесетикот на Баерн, а судијата Рицоли од Италија оправдано покажа на белата точка.

    На две минути до крајот на натпреварот(88-минута), Холанѓанецот Ариен Робен, ја искористи нерешителноста на одбраната на

    „Милионерите„ постигнувајки го вториот гол за Баерн за конечни 2:1.

    Така Баерн во своето десето финале во Лигата на шампионите стигна до петата  титула, откако претходно „Баварците„ се искачија на тронот на Европа, во 1974, 1975, 1976 и 2001 година.