Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Бајрам Мамутовски, боксер на БК „Куманово 84“ е прогласен за најдобар млад боксер во земјава за 2023 година од Боксерската федерација на Македонија.
Наградата му беше врачена вчера на годишната свеченост која ја организираше Националната боксерска федерација на Мекедонија.
Оваа награда е само уште една потврда за талентот и квалитетот на младиот боксер, кој годинава освои четри златни и една сребрена медала на меѓународни, регионални и локални натпреварувања.
Неговиот тренер, Самет Салевски, вели дека е презадоволен од досегашниот успех на Мамутовски, и најавува дека за наредната година очекуваат уште подобри резултати.
„Мамутовски влезе во конкуренција од 5 спортисти за избор на спортист на годината во Македонија. Неговите резултати го дигнаа на самиот врв на спортисти во државата. Успехот не е случаен, прво тој е вонсериски талент, а потоа зад овој успех стои многу работа, дисциплина и упорност. За наредната година планираме да освоиме златна медала на европско првенство, а наша долгорочна цел е учество на олимпијада, која е круна и желба на сите спортисти“, вели Салиевски.
На ова седумнаесетгодишно момче му предвидуваат блескава кариера, доколку со ваков ентузијазам продолжи да вежба и да се надградува и во наредниот период.
Мамутовски освои златен медал и беше прогласен за првак - јуниор на Македонија за 2023 година во категорија до 48 килограми од Националната боксерска федерација, откако победи на Државното поединечно првенството во бокс во Штип, со златен медал се закити на Балканското првенство за јуниори и младинци во Романија, златен медал освои и беше прогласен е за најдобар боксер на Меѓународен турнир во Лесковац, Србија, исто како што освои златен медали и беше прогласен за најдобар боксер јуниор на третиот Меѓународен боксерски турнир „Мирослав Петровиќ“ во Куманово, сребрен медал освои на Младинската боксерска златна ракавица во Бања Лука, Република Српска.