Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Бал фор лајф денеска го пречекуваат тимот на Академија ФМП со што ги започнуваат натпреварите во Втората кошаркарска лига.
Кумановскиот состав минатата сезона се натпреваруваше во Третата кошаркарска лига, каде што прикажа одлични игри и со 13 победи и 4 порази обезбедија пласман во повисок ранг. Оваа сезона во второто по квалитет кошаркарско првенство покрај Бал фор Лајф, учество ќе земат Скопските екипи Вардар, МЗТ Скопје, Водњански Лисици, Карпош Соколи, Академија ФМП и Ангели, Тетекс од Тетово, Црн Дрим од Струга и Овче Поле од Свети Николе.
Новина е што оваа сезона Бал фор лајф своите натпревари ќе ги игра во салата на Економското училиште. Свое деби во Второлигашката конкуренција и во новата сала, Бал фор лајф ќе го има вечерва во 21 часот каде што ќе го пречека тимот Академија ФМП.