Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарскиот клуб Бал фор Лајф во недела од 14 часот го игра првиот натпревар во рамките на Третата македонска лига. Противник ќе биде тимот на Кичево.
Ова ќе биде дебитантски настап на клубот во првенствата организирани од Македонската кошаркарска федерација. Покрај сениорскиот тим, клубот има пријавено машка и женска екипа во младинските категории, кои своите првенствени натпревари ќе ги започнат следниот викенд.
Кошаркарската школа успеја да направи голем чекор во својата организација и од оваа сезона да се приклучи во првенствените натпревари кои се во организација на МКФ. Обезбедивме услови и добивме дозвола од федерацијата да играме во салта Панко Брашнаров, која е вистински домашен терен на нашиот клуб. Со тоа им обезбедуваме на нашите членови динамична сезона и проверка до каде се со нивните врсници. Машката пионерска екипа првиот натпревар ќе го одигра против МЗТ Скопје, додека женскиот тим следниот викенд патува во Гостивар. Се надеваме на успешна сезона за сите тимови, и вклученост на што повеќе играчи во тимот. - изјави Никола Петковски, тренер во тимот.
Сезоната за Бал фор Лајф ја отвара сениорската екипа која на домашен терен ќе го пречека тимот на Кичево.
Сениорската екипа е составена од млади но многумина од нив и искусни кошаркари, кои предходно настапувале во некој од клубовите во Куманово. На таа група им ги придодадовме и најдобрите кошаркари од нашата академија и со оваа комбинација ќе се обидеме да направиме што подобар резултат. Во подготвителниот период одигравме неколку пријателски натпревари и мислам дека сме подготвени за првиот предизвик во новата сезона - изјави Стефан Николиќ, тренер на екипата.
Натпреварот се игра во недела во 14 часот во салата Панко Брашнаров во населба Карпош. Од клубот ги повикаа сите љубители на кошарката да дојдат и да дадат подршка во првиот натпревар на овој клуб.