Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Бал фор Лајф утре во 18 часот му гостуваат на тимот на Ангели.
Кумановскиот второлигаш ќе се обиде да ја забележи првата победа во новата сеозна, одкако на првите два натпревари загуби од ФМП Академија и МЗТ Скопје. Ангели оваа сезона требаше да играат во третата кошаркарска лига, меѓутоа поради испразнетите места кои ги оставија Пелистер и Шкупи кои станаа прволигаши, Ангели се вратија во второлигашка конкуренција.
Тимот на Пинк Пантери ја забележа првата победа на домашен терен, одкако беа подобри од Партизан Мулти Шпед со резултат 91-64. Младиот третолигашки состав оваа коло ќе гостува на тимот на Феникс 2010, кој сеуште нема забележано победа во првенството.