Бал фор Лајф загуби од МЗТ Скопје
19.12.2016 11:32
| KumanovoNews
Кошаркарите на Бал фор Лајф загубија на натпреварот од МЗТ Скопје Аеродром со резултат 72-62.

Кумановскиот состав одигра лоша прва четвртина која ја загуби со резултат 23-14, по што не успеја да влезе во вистински ритам и да направи пресврт на натпреварот.
Најефикасен поединец на натпреварот беше Филип Стојановски од Бал фор Лајф со 17 постигнати поени. За МЗТ Скопје Трсунов постигна 12 поени.
Следниот натрпевар Бал фор Лајф го игра против тимот на Кичево.