Мени

Барселона најдобра во светот

08.01.2010 20:59 | KumanovoNews

Барселона е најдобриот клуб во светот во годината што помина, додека Партизан е најдобро рангираниот српски клуб на листата на Меѓународната федерација за фудбалска историја и статистика. Од македонските претставници, Работнички е на 254 место од најдобрите 350 клубови.

Барселона најдобра во светот

Светскиот шампион Барселона се наоѓа на првото место со освоени шест трофеји и поради исклучителниот напредок во декември кога ги доби сите натпревари годината ја заврши  како најдобар клуб на светот.

Каталонците ги добија сите натпревари во националниот шампионат и во купот на Лига на шампиони со тоа од трето место се искачија на прво со 49 поени повеќе од второ пласираниот Челзи. Тоа и претставува најголема разлика помеѓу првите два тима откако се објавува оваа листа.

Најголем губитник е Манчестер - Јунајтед кој поради двата порази кои ги имаше во декември се спушти на трето место со само еден поен помалку од Челзи.