БИБЛ ЛИГА: Кошаркарите на Куманово против Теодо
26.03.2013 10:02
| KumanovoNews
Денеска на домашен терен во 19 часот, Кумановчани ќе имаат можност да го заверат настапот на завршниот турнир во БИБЛ лигата.

Кумановчани во овој натпревар против Теодо се апсолутни фаворити по убедливата победа во првиот меч со 95-79.
За да изборат пласман на завршниот турнир ќе мораат на домашен терен да ја совладаат црногорската екипа Теодо.
Во Топ 6 фазата во БИБЛ лигата, кошаркарите на Куманово се наоѓаат на делба за третото место каде заедно со Рилски имаат по четири победи и порази.
Првопласираниот Галил Галбоа и второпласираниот Левски веќе имаат обезбедено пласман на завршниот турнир од БИБЛ лигата.