Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Поранешниот шампион на Косово, Сигал Приштина, од наредната сезона ќе се натпреварува во Балканската кошаркарска лига, БИБЛ, а со ваквиот чин ќе се прекине кошаркарска изолација на Косово, пред се, поради тоа што само женскит тим Универзитети се натпреваруваше на европска сцена.
Веста ја потврди и Артан Ругова, директорот на Сигал Приштина, а тој додаде дека првиот натпревар Приштина ќе го одигра на 27/28 ноември.
Претседателот на Балканската лига, Шај Штрикс, беше во дводневна посета на Косово и по деталните прегледи на салите и организациската структура на клубовите потврди дека Косово ќе добие еден претставник во ова натпреварување, а пред некој дене беше објавено дека тој клуб ќе биде токму Приштина Сигал.
Пред да биде донесена одлуката бил одржан состанок на директорот на лигата Асен Христов со претставници на Сигал Приштина, Назми Пакарада и Артан Ругова.
Сега останува раководството на лигата на направи нова структура и начин на натпреварување и да го утврди бројот на екипите од федерациите за новата сезона.