×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Боксерски легенди од регионот на прослава во Куманово

    08.10.2016 18:07 | KumanovoNews

    Дваесетина боксерски легенди, освојувачи на олимписки и светски медали од земјава и регионов, викендов ќе престојуваат во Куманово.

    Боксерски легенди од регионот на прослава во Куманово

    Причина е прославата на 70-годишнината од формирањето на боксерскиот клуб Куманово, а ја организираат група на кумановски бизнисмени, поранешни боксери и љубители на боксерските вештини

    „Идејата ни беше да се потсетиме на успесите на малку подзаборавените боксерски шампиони и олимпијци, кои дадоа голем придонес во развојот на светскиот и кумановски бокс. Истовремено и да го прославиме големиот јубилеј, но и да означиме почеток на обновување на боксеркиот клуб Куманово. Оваа идеја ја реализираат луѓе, вљубеници во боксот, кои сакаат Куманово повторно да стане она што беше во 70-те и 80-те години на минатиот век, кога нашиот клуб беше во првата југословенска лига и редеше светски успеси“, – вели Светислав Стојановски, иницијатор и претседател на одборот за прослава и обновување на клубот.

    Прославата ќе се одржи во недела во 20 часот во ресторан „Лав“ во Куманово, а гостите пристигнуваат денеска. Предвидено е дводневно дружење и одржување на ревијален боксерски меч, а ќе бидат доделени благодарници и признанија на сите учесници и гости.

    Покрај домаќините Аце Русевски, освојувач на бронзениот медал на Олимписките игри 1976 година во Монтреал и Реџеп Реџеповски, сребрениот медалист на Олимпијадата во Лос Аџелес 1984 година, на прославата ќе дојдат и Анте Јосифовиќ, Тадија Качар, Миодраг Перуновиќ, Братислав Ристиќ, Дамир Шкаро, Мирко Бузовиќ, Перо Тадиќ, Пламен Јанков, Серафим Тодоров, Петар Лесов и др.

    Според организаторите, боксерскиот клуб Куманово ќе го водат кумановските олимпијци Реџеповски и Русевски, кои ќе тренираат екипа на млади боксери за државните и светски натпревари.