Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Андреј Васевски член на Пингпонгарскиот клуб „Куманово“ освои бронзен медал на 29-то Државно поединечно првенство за јуниори, кое викендов се одржа во Крива Паланка.
„Оваа е одличен резултат на Андреј Васевски и прв негов медал на едно Државно првенство. Да бидам искрен отидовме на оваа првенство да избориме пласман меѓу осумте најдобри во оваа категорија, но се вративме со бронзен медал. Успехот ќе беше поголем да имавме малку повеќе спортска среќа во полуфиналниот меч кога при водство од еден сет и одлична игра во другиот сет не да дојдеме до водство од 2:0 во сетови, но искуството си го направи своето го загубивме овој меч со 3:1 од овогодишниот Државен првак Александар Јакимовски од Крива Паланка“, истакна Мики Трендафиловски, тренер на ППК „Куманово“.
На првенството учествуваше и Ведран Рангелов, кој одигра добри мечеви и го дели деветото место.
Трендафиловски вели дека е задоволен од играта на неговите ученици на оваа првенство.