Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кори Бруер со шесте поени во последните секунди од дуелот со Филаделфија и донесе нова победа на екипата на Денвер. Ова беше 14.ти триумф во низа за Денвер и воедно го обезбедија плеј офот.
Бруер постигна 29 поени, а во последните 14.5 секунди најпрвин погоди „тројка“, а потоа реализираше три слободни фрлања и од 5 негатива (95:100), на својата екипа и донесе победа од 101:100.
На другите два натпревара од ноќешната програма: Чикаго - Портланд 89:99 и Сакраменто - Минесота 101:98.
Двојки за вечерва: Торонто - Њујорк, Орландо - Оклахома Сити, Индијана - Милвоки, Атланта - Портланд, Мајами - Детроит, Њу Орлеанс - Мемфис, Хјустон - Кливленд, Далас - Бостон, Сан Антонио - Јута, Феникс - Минесота и Лос Анџелес Лејкерс - Вашингтон.