×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Чикаго го изненади Мајами со победа

    07.05.2013 09:05 | KumanovoNews

    Кошаркарите на Чикаго победија во Мајами со 93:86 и против актуелниот шампион поведоа со 1-0 во полуфиналната серија во Источната конференција.

    Чикаго го изненади Мајами со победа

    На Западот, Сан Антонио водат против Голден Стејт, откако во првиот меч, по две продолженија забележаа победа со 129:127.

    Чикаго на Флорида до победата го предводеа Нејт Робинсон (27 поени, 9 асистенции) и Џими Батлер (21 поен, 14 скока). На спротивната страна Леброн Џејмс имаше учинок од 24 поени, 7 скокови и 8 асистенции, покрај Леброн уште Двејн Вејд имаше двоцифрен ефект, тој постигна 14 поени.

    Сан Антонио во драматичен меч го победи Голден Стејт, Спарси до победата стигнаа со тројката на Ману Џинобили постигната на една секунда до истекот на времето во второто продолжение. Брилијантен натпревар во редовите на Голден Стејт одигра Стефон Кари (44 поени, 11 асистенции), додека Харисон Брнс и Клај Томпсон постигнаа по 19 поени.

    Тони Паркер кај Сан Антонио имаше учинок од 28 поени, на кои придодаде по осум скокови и асистенции, додека Џинобили мечот го заврши со 16 поени, 7 скокови и 11 асистенции.