×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Давидовиќ: Ќе го вратиме КК Куманово таму каде што припаѓа

    09.11.2017 12:30 | KumanovoNews

    Кошаркарите на Куманово утре го играат заостанатиот натпревар од 5.коло против МЗТ Скопје. По повод 11.ноември, на утрешниот натпревар влезот ќе бидне слободен.

    Давидовиќ: Ќе го вратиме КК Куманово таму каде што припаѓа

    По вчерашната оставка на Виктор Божиновски како претседател на клубот, неговата функција во иднина ќе ја извршува Младен Давидовиќ кој беше спортски директор во КК Куманово. Давидовиќ изјави дека е во клубот од 2010 година, дека ги знае проблемите во клубот и се надева дека ќе може да одговори на оваа функција.

    Јас сум поставен како в.д. претседател во конституирање на новата управа, и во тој период ќе го водам клубот. Во времето во кое ќе биднам предводник на клубот може да се разговара за освежување на екипата во иднина што ќе зависи директно од развој на настаните, реорганизација на младинската школа, поставување на здрави темели во тој сегмент. Ќе има реорганизација и во самиот клуб, спортски директор ќе бидне Дарко Петковски, кој досега беше технички раководител во клубот, а за координатор во младинската школа е назначен Милош Нинковиќ кој е и дел од стручниот штаб во клубот - изјави Младен Давидовиќ на денешната прес конференција.

    Давидовиќ во продолжение напомена дека клубот ќе бидне реорганизиран и кога е во прашање финансирањето. Досега, клубот е финансиран исклучиво од општинскиот буџет, а со измените во законот за спорт, се отвараат можности многу локални стопанственици да инвестираат во клубот.

    Сакаме да направиме услови и да станеме клуб кој ќе привлекува спонзори кои ќе биднат додатна финансиска инекција во буџетот на клубот. Промените во законот за спорт се на наша страна, веќе имаме контакти и луѓе кои имаат свој интерес да инвестираат во спорот. Општината Куманово и покрај промената на градоначаничката позиција останува да го подржува спортот. Кошарката е спорт број еден во градот, буџетот ќе бидне формиран од општината и спонзорите со кои ќе имаме респектабилен буџет со кој ќе се натпреваруваме во иднина. Не очекува доста работа, клубот се соочува со доста проблеми и се надеваме дека во наредниот период ќе успееме да ги надминеме - додаде Давидовиќ.

    Петровиќ: Не очекува тешка серија, играме 4 натпревари за неполни 10 дена

    Новиот тренер на КК Куманово, Александар Петровиќ изјави дека е задоволен со играчкиот кадар и нивното залагање одкако тој е тренер во тимот. Тој ја повика публиката да дојде на овој меч, потенцирајки дека како тренер на МЗТ одиграл доста тешки натпревари во оваа сала, па публиката да бидне голема подршка на тимот во утрешното дерби.

    Не сум тренер алиби, тие се силите одигравме еден меч каде што имаше и добри и лоши моменти на кои треба да се работи. Не очекува тешка серија, утре играме против МЗТ Скопје, па потоа во недела против Фени Индустри па во среда играме со Рилски па за викенд против Кожув. Задоволен сум од залагањето на момците, успејавме да реализираме некои тактички замисли. Очекувам полна сала, ја повикувам публиката да не подржи во овој натпревар. Јас и како тренер на МЗТ сум одиграл тешки натпревари пред полна сала, така да позната ми е атмосферата и очекувам утре подршка и поволен исход на натпреварот - изјави Александар Петровиќ тренер на клубот.

    Караџовски: Загубивме 4 натпревари во последните 10 секунди

    Димитар Караџовски на денешната прес конференција изјави дека оставиле тежок период зад себе, каде што загубле 4 натпревари во последните десетина секунди. Се надева дека промените ќе влијаат позитивно, и очекува што побрзо да се вратата на победничките патеки.

    Болна точка е што во последните месец дена изгубивме 4 натпревари во последните 10 секунди. Тоа малце влијае врз нас на психички план. Се надевам дека ќе ни се насмевне среќата и ќе почнеме да завршуваме со позитивен резултат. Ја повикувам публиката да се врати во салата, таа е вистински шести играч. Јас сум тука 3 сезони навистина е тешко да се игра во Куманово пред празни трибини. Се надевам дека ќе се врати еуфоријата и тој жар за кошарка. Се надевам дека со сите промени кои се случија ќе појдат работите на подобро. Ние ќе дадеме се од себе, ривалот го познаваме се надеваме на позитивен исход.

    Натпреварот Куманово - МЗТ Скопје се игра во петок во 17:30 во Спортската сала во Куманово. Влезот е слободен.