Деко: Готово е со Португалија
Португалскиот фудбалски репрезентативец Деко, објави дека по светското првенство во Јужна Африка нема повеќе да игра за националниот тим.

„Ќе се збогувам со португалската репрезентација поради моите години и заморот. Играњето за државниот тим секогаш претставува големо одговорност“- изјави 32 годишниот Деко.
Фудбалерот процени дека репрезентацијата на Португалија била многу поквалитетна и искусна во 2006 година од сегашниот состав.
„Технички се слични, но сегашната екипа има поголем број на млади играчи. Време е своето место да им го препуштам на младите“ - рече Деко.
Португалското државјанство го добил 2002 година и за таа земја има одиграно 72 утакмици и постигнато пет голови.
Деко планира и наредната сезона да остане во Европа и после тоа да се врати во својот роден Бразил.