Денеска каратистите полагаат за појас
31.05.2013 09:27
| KumanovoNews
Карате клубот Куманово-75 вечерва во 19:15 часот ќе организира полагање за појаси.

Кандидатите вечерва ќе полагаат од бел до кафеав појас, а во комисијата ќе присуствуваат членови на карате федерацијата на Македонија.
Полагањето ќе се одржи во салата на ОУ Крсте Мисирков, а може да присуствуваат сите љубители на овој боречки спорт.