Дерби на 12.коло се игра во Куманово
22.02.2013 15:16
| KumanovoNews
Кошаркарите на Куманово утре во 19 часот ја пречекуваат екипата на Работнички.

Куманово пролетниот дел од првенството го започна со два пораза, против екипите на Лирија и Фени по продолжетоци. Ниту Работнички не е во најврвна форма по доаѓањето на Рајковиќ на чело на тимот, па единствено победа забележаа против Пелистер минатото коло.
Натпреварот се игра во Спортската сала во Куманово со почеток во 19 часот и со пренос Канал 5.