×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Дербито во Хамбург одложено

    06.02.2011 11:23 | KumanovoNews

    Градската дерби пресметка на Сент Паули со Хамбургер, која беше закажана за денеска попладне од 15.30 часот, нема да се одигра поради лошите временски услови и лошиот терен како последица на нив

     

    Дербито во Хамбург одложено

    Дуелот на „Имтех Арена“ е одложен на неодредено време, а ако има некој среќен за ваквата одлука, тогаш тоа е полицијата во Хамбург, затоа пресметките на двата клуба се неверојатно брутални, а колатерална штета се токму припадниците на јавниот ред и мир.

    Во наредните неколку денови челните луѓе на Бундес-лигата ќе донесат одлука кога ќе се игра мечот. Врнежите на дожд толку го натопија теренот, да воопшто и не е возможно да се одигра нормален бундеслигашки меч.

     Многу врнеше. За жал немавме друго решение - изјави портпаролот на Хамбургер, Жорн Волф.

    Мечот требаше да се игра во „домот" на Хамбургер кој од неодамна му беше сменето името од Нордбанк Арена во Имтех Арена, а Сент Паули кој исто така е од Хамбург е изненаден од ваквата одлука на луѓето кои раководат со Бундес-лигата.

    Првото дерби на теренот на Сент Паули мина со еден куп инциденти, на екстремните навивачки фракции. Поради ова одложување денеска на програмата ќе има само еден меч во Бундеслигата, тој од 17.30 часот помеѓу Фрајбург и Ајнтрахт Франкфурт.