Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кумановскиот третолигаш, Бал фор Лајф изминатиот викенд ја забележа десеттата победа во првенството, одкако на гостински терен го совлада Дино Баскет до резултат 77-83.
Тимот од Кочани секогаш е незгоден противник и има голема предност кога игра пред своја публика. После одличниот старт на домаќините, Бал фор Лајф се консолидираше и успеја да направи двоцифрена предност. Целиот натпревар изобилуваше со одличен шут за три поени на двете екипи, а како се ближеше крајот на натпреварот, така и се топеше разликата и натпреварот стануваше понеизвесен. Дино Баскет успеја да поведе во неколку наврати во третиот период, меѓутоа кумановчани не паднаа и забележаа битна победа пред продолжението на првенството и борбата за првата позиција.
Бал фор Лајф постигна 15 тројки во натпреварот против Дино Баскет од Кочани. Ненад Стојановски постигна 6 тројки од кои 4 во третата четвртина и вкупно 20 поени.
Филип Стојановски го заврши натпреварот со 18 поени, а кога се кршеше резултатот Горан Тренчиќ два пати беше прецизен од линијата за три и со прецизниот шут за три на Дарко Смиљковиќ беше решен и победникот на овој натпревар.
Во недела екипата на Бал фор Лајф го пречекува тимот на Овче Поле, единствениот конкурент во борбата за првите две позиции на табелата.