Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово ја забележаа деветтата победа во домашното првенство. На домашен терен тие ја победија екипата на Струмица со резултат 79-53.
Неизвесноста во Спортската сала траеше единствено на почетокот на натпреварот, кога Куманово делуваше конфузно, а Струмица беше рамноправен противник. Пред крајот на првата четвртина кумановчани ја имаа првата двоцифрена предност, а во продолжението покажаа дека се поквалитетен противник и го диктираа темпото на играта.
Разликата достигна 20 поени во вториот период, а во последната четвртина Куманово постави максимални 30 поени предност. На клупата на Куманово дебитираше Марјан Србиновски кој им даде шанса на сите 12 кошаркари кои беа на клупата. Мечот заврши со резултат 79-53.
Најефикасен поединец на натпреварот беше Бојан Трајковски со 16 поени. За тимот на Струмица Ефтим Богоев постигна 13 поени.
Вистинскиот тест Србиновски ќе го има следното коло кога Куманово за противник ќе ја има екипата на Кожув, а натпреварот ќе се игра на гостински терен.