Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ го загуби мечот од 4.коло од турнирот во Мајами.
Подобар од него беше Томи Хас со 6:2 и 6:4 по сетови за еден час и 20 минути игра. Покрај поразот Ѓоковиќ ќе загуби и 1.000 поени, а одигра лош меч со дури 30 неизнудени грешки.
Пораз доживеа и вториот српски тенисер Јанко Типсаревиќ, кој со 2:1 беше совладан од Жил Симон.
Тесна победа во гемови , а 2:0 во сетови постигна Марин Чилиќ во мечот со Жо Филфред Цонга.
Пласман во следното коло (четвртфинале) обезбедија: Ферер, Мелцер, Гаске, Мареј и Бердих.