„Домашен“ натпревар на стартот од регионалното натпреварување
13.10.2021 08:05
| Стефан Николиќ
Кошаркарите на Куманово денеска го започнуваат својот настап во БИБЛ лигата, а прв противник е тимот на Навико Академија ФМП од Скопје.

Одкако се вратија од квалификациониот турнир за ФИБА Купот, Куманово ги започна и натпреварите во домашното првенство, каде што во две одиграни кола забележаа победа против Ангели во првото коло, и пораз на гостувањето во Гостивар.
Екипата на ФМП досега има два порази, од дебитантот Феникс и во второто коло од Пелистер.
Натпреварот се игра во салата на училиштето Перо Наков со почеток во 19 часот.