Државно првенство во пливање на Градскиот базен во Куманово
02.03.2018 18:13
| KumanovoNews
На Градскиот базен Куманово, викендов ќе се одржи Државно зимско првенство во пливање.

На првенството ќе учествуваат пливачки клубови од државата во следниве категории: помлади пионери, повозрасни пионери, кадети и кадетки, младинци и младинки и сениори и сениорки.
Организатори на настанот е Пливачка федерација на Македонија, во соработка Општина Куманово и Пливачки клуб „Аква“.
На свеченото отварање утре во 17:15 часот свое обраќање ќе има градоначалникот Максим Димитриевски.