Две медали за младите пингпонгари на „Куманово“
Младите пингпонгари на Пинг понг клуб „Куманово“ постигнаа нов успех, на традиционалниот Новогодишен турнир во пинг понг, што се одржа минатата недела во Спортскиот центар „Ново Лисиче“ во Скопје, а во организација на Пингпонгарскиот клуб „Студент“.

Андреј Васевски освои прво место, а Ведран Рангелов беше втор на овој турнир во категорија на кадети.
„Пријатно е чувството кога твоите ученици ќе остварат добар резултат. Упорноста и желбата што ја покажуваат Андреј и Ведран полека но сигурно носи со себе и резултати а за мене како нивен учител мотив повеќе. Не очекува уште многу, млогу работа, но во ист момент ме радува и желбата за тренинг“, истакна тренерот и координатор на ППК „Куманово“, Мики Трендафиловски.