×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Една златна, две сребрени и четири бронзени медали за гимнастичарите на „Атлета“ на Државно првенство во Скопје

    22.10.2024 12:11 | KumanovoNews

    Членовите на гимнастичкиот клуб "Атлета" од Куманово, постигнаа одлични резултати на Државното првенство во атлетика, кое викендов се одржа во Скопје.

    Една златна, две сребрени и четири бронзени медали за гимнастичарите на „Атлета“ на Државно првенство во Скопје

    Во силна конкуренција од над 160 натпреварувачи од целата држава, кумановските гимнастичари освоија една златна, две сребрени медали и четири бронзени медали во поединечна конкуренција.

    На првенството клубот учествуваше со 20 натпреварувачи, од кои 10 во машка и 10 во женска конкуренција. 

    „Во машка "А" програма во категорија помлади пионери Јаков Стојановски освои трето место, Глигор Трајковски освои четврто место во иста конкуренција. Во „Б“ програма категорија помлади пионери Дарин Бабановски се избори „А“ прво место, Бојан Христов, второ место и Алексеј Станковски освои трето место. Милош Јовановиќ освои второ место во категорија постари пионери, а Марко Величковски освои трето место во категорија постари пионери“, изјави тренерот Филип Миленковски.

    Во женска „Б“ програма во категорија пионерки Сара Мишиќ  освои трето место. 

    „Екипни втори места освоија: Сара Мишиќ, Лена Трајковска, Милица Митровска и Лана Богдановиќ, категорија пионерки, и  Анисија Станојковска, Софија Цеков, Кирјана Крстевска и Софија Николовска во категорија деца до 7 години. Четврти места освоија Лена Трајковска во категорија пионерки, Ања Ристевска во категорија постари пионерки“, изјави тренерот Никола Златановски

    Гимнастиката во Куманово се враќа на местото на коешто припаѓа, а тоа го покажуваат успесите на учениците на „Атлета“ и нивните тренери кои неуморно работат со нив. 

    „Се надеваме дека Општината ќе ни излезе во пресрет, бидејќи на Куманово му е потребна гимнастичка сала,  затоа има голем број на гимнастичари кои сакаат да се занимаваат со овој спорт. Исто така се надеваме дека  "Соколана" ќе биде целосно само за гимнастиката, по нашиот град ќе може да биде домаќин на државни првенства во спортска гимнастика“, истакна тренерот Миленковски.